Хамилтон: “Немам амбиција за рекордот на Шумахер”
Објавено на 26/09/2017 | АВТО МОТО, МЕЃУНАРОДЕН СПОРТ

Луис Хамилтон изјави дека не сака да го подобри рекордот на Михаел Шумахер за седум светски титули и објасни дека само ужива во сезоната. Трикратниот светски шампион го води Себастијан Фетел во рангот со 28 поени и најверојатно наскоро ќе стане шампион по четврти пат.

Британецот изјави дека не планира да остане во спортот многу години, бидејќи сакал да им даде шанса на други млади момчиња:

“Искрено, работам чекор по чекор. Доволно тешко е да заработуваш шампионати еден по еден, а и оваа четврта титула нема да е воопшто лесна. Не знам дали ќе се доближам до рекордот на Михаел. Лично јас немам амбиција да имам седум титули. Во моментов, имам огромно задоволство во возењето повеќе од кога било, и чувствувам дека сум во најдобра форма, се чувствувам како пилот”, рече Хамилтон.

Тагови