Хамилтон со нов рекорден договор
Објавено на 06/04/2018 | АВТО МОТО

Британскиот F1 возач, Луис Хамилтон е пред потпишување на нов, рекорден договор со Mercedes F1 тимот. Според договорот, Хамилтон за продолжената тригодшна лојалност по сезона ќе добива 45 милиони евра, а за овој период заедно со рекламите, спонзорствата и останатите бонуси ќе добие 150 милиони евра што е воедно и највисока плата т.е. договор кога во прашање е F1 натпреварувањето.

“Договорот е речиси финализиран. Луис и ние сме апсолутна на иста бранова должина. Но таков еден договор како што е неговиот сдржи 100 страни со многу точка така што мора да биде внимателно припремен” изјави преетставник на F1 тимот за германскиот Sport Bild.

Хамилтон во однос на новиот договор кратко изјави дека нема подобар од него.

Инаку Луис Хамилтон досега четири пати победувал во F1 натпреварувањата и тоа во 2008, 2014, 2015 и 2017 година.

Веста е преземена од AutoKlub.mk

Тагови