Хас бара оштета од ФИА
Објавено на 05/10/2017 | АВТО МОТО, МЕЃУНАРОДЕН СПОРТ

Хас се надеваат да бидат финансиски обесштетени во износ од 750 000 долари (500 000 фунти) поради штетите што беа нанесени на болидот при несреќата на Роман Грожан во Малезија поради вина на еден елемент од одводниот систем на патеката “Сепанг”.

Пилотот се спаси од многу сериозна несреќа откако неговата задна десна гума влезе во контакт со парче.

Случката не беше вина на Грожан или тимот, но тимот мораше да работи и во текот на ноќта, за да ја поправи штетата за третиот тренинг во саботата и последователната квалификација.

Тагови