Херојска борба, падна Црна Гора, Македонија оди следната фаза
Објавено на 15/01/2018 | Slider, РАКОМЕТ

Херојската борба на македонските ракометари вечерва во Арената во Загреб резултираше со втора победа. По саботната победа над Словенија,  вечерва во крајно интересен и нималку лесен натпревар, Македонија со 29-28 ја совлада репрезентацијата на Црна Гора.

Натпреварот започна добро за нашата репрезентација. По само неколку минути игра Македонија водеше 4-2, но потоа благодарение на серијата од 4-0 црногорците поведоа со 6-4. Доста динамичниот прв дел резултираше со неколку прекрасни акции и погодоци особено на цепелинот на Талески кој постигна одличен погодок.

Првиот дел заврши со водство на Црна Гора од 16-15. Почетокот на вториот дел наговестуваше доста неизвесен натпревар. Така и беше во продолжение иако на средината на вториот дел Македонија имаше високи +4. Сепак на крајот на натпреварот Македонија успеа да издвојува важна победа.

Со оваа победа Македонија ја забележа втората победа во групната фаза на ЕП, нешто што досега се нема воопшто случено на Европските ракометни шампионати. Оваа втора победа е доволна за пласман во следната, главна фаза.

Во пресрет на решавачкиот натпревар против Германија кој ќе се одигра во среда, Македонија се наоѓа на првата позиција со 4 поени пред Германија со три однсоно Словенија со еден поен на третата позиција. По две кола, Црна Гора сеуште е без освоен поен и се наоѓа на последната позиција.

Тагови