Хидинг ветил оставка за во недела
Објавено на 13/11/2014 | ФУДБАЛ

Гус Хидинг дал ветување дека ќе си поднесе оставка во недела ако Холандија не ја победи Латвија.

Ветувањето на Хидинг по социјалните мрежи го рашири украинскиот фудбалер Евгениј Ловченко.

Холандија вчера загуби од Мексико во пријателски натпревар, а ова е 4 пораз откако Хидинг ги презеде „лалињата“ од Ван Гал после Мундијалот во Бразил.

Холандија загуби од тогаш од Италија 0-2, од Чешка 1-2 и Исланд 0-2, а единствено го победи аутсајдерот Казахстан со 3-1.

Хидинг не ужива многу доверба ниту кај фудбалерите, Ван Перси изјави дека тренинзите на Хидинг биле „ бла-бла“.

 

Тагови