Хјустон со 12та победа по ред, леброн неможе сам против сан антонио спарс
Објавено на 26/02/2018 | КОШАРКА

Екипата на, Хјустон  вчера го надигра тимот на Денвер Нагетс (114-119) за 12. победа во низа. Гостите имаа одличен почеток на мечот, кој им овозможи лесна завршница. Предводени од најдобриот играч, Џејмс Харден, кој постигна 41 поен и  7 асистенции, „ракетите“ стигнаа до ново славје, кое ги остави на врвот на Западната конфереција пред Голден Стејт. Никола Јокиќ одново беше одличен за домашната екипа, постигнувајќи 21 поен и 14 скока.

Вашингтон го доби натпреварот против Филаделфија 76ерс (109-94). Тимската игра на домашната екипа, која подолго време е без Џон Вол, донесе нова победа и искачување во генералниот пласман на Истокот. Бредли Бил со 24 поени беше најефикасен кај домаќинот, додека Џоел Ембид запиша „дабл-дабл“ кај гостите со 25 поени и 10 скока.

33 поени и 13 скока на Леброн Џејмс не беа доволни Кливленд да го спречи поразот на домашен терен од Сан Антонио (94-110). Дури седум играчи од гостинскиот тим запишаа двоцифрен учинок, што беше клучно за нова победа на Спарси и Грег Попович, кои цела сезона настапуваат без својот најдобар кошаркар, Каваи Ленард.

 

Милвоки загуби од Њу Орлеанс по продолжение со 121-123.

Тагови