Хјустон со 16 победа во низа, Ентони Дејвис броеше до 41 (Видео)
Објавено на 07/03/2018 | КОШАРКА

Хјустон продолжи со одличните настапи и на гостувањето во Оклахома. За нив ова беше дури 16та победа во низа. Во победата од 122:112 блескаа Крис Пол и Џејмс Харден. Крис Пол натпреварот го заврши со 25 поени, а Харден додаде 23 и подели 11 асистенции. Инаку, ова е втора најдолга низа на победи во клупската историја на клубот.

Расел Вестбрук беше најефикасен кај Оклахома со 32 поени, подели и седум асистенции, но изгуби девет топки.

Голден Стејт лесно дојде до победата против Бруклин Нетс 114:101. За „Вориорси“ ова беше шеста победа во низа и така ја продолжуваат трката со Хјустон за првото место на Западот. Стеф Кари беше расположен за игра и постигна 34 поени, Кевин Дурант додаде 19 и украде шест топки.  Во поразениот тим најефикасен беше Д’Анџело Расел со 22 поени.

Лос Анџелес Клиперси на свој терен загуби од Њу Орлеанс Пеликанс со 121:116.Њу Орлеанс го имаше неверојатниот Ентони Дејвис кој уфрли 41 поен и украде 13 топки. Тобијас Херис и Лу Вилијамс беа најефикасните во редовите на Клиперси, двајцата уфрлија по 27 поени.

 

резултати од сите натревари

Шарлот – Филаделфија 114:128

Торонто – Атланта 106:90

Вашингтон – Мајами 117:113 (после продолженија)

Оклахома – Хјустон 112:122

Далас – Денвер 118:107

Портланд – Њујорк Никси 111:87

Голден Стејт – Бруклин 114:101

Лос Анџелес Клиперси – Њу Орлеанс Пеликанс 116:121

Тагови