И Микел Хансен го подржа “Часовникот” во ракометот
Објавено на 09/08/2017 | МЕЃУНАРОДЕН СПОРТ, РАКОМЕТ

Еден од најпознатите ракометари – Микел Хансен, е уште едно големо име што е “За” вклучувањето на т. нар. “Часовник” во играта. Многумина популарни играчи, тренери и експерти повеќе пати ја коментираа идејата да биде воведено правило, слично на она во кошарка, со што ќе биде ограничено времето за еден напад.

30-годишниот Хансен, кој е меѓу лидерите на националниот тим на Данска и на ѕвездите на Пари Сен Жермен, изрази незадоволство од правилото за негатива со шест додавања, што Меѓународната ракометна федерација го усвои во текот на летото на 2016 година.

Тагови