И ПСЖ влегува во трката за Белоти
Објавено на 19/06/2017 | Меѓународен Фудбал, ФУДБАЛ

Несомнено Андреа Белоти е најбараниот италијански фудбалер ова лето. Белоти имаше одлична сезона и беше клучниот играч за Торино сезонава. Сето тоа и добрите игри за Италија придонесе фудбалерот да го привлече на себе интересот од многу клубови.

Минатата недела се појавија тврдења дека Милан за 80 милиони евра ќе го купи фудбалерот и дека неговиот трансфер е речиси готов, но денеска италијанските медиуми пренесуваат дека и ПСЖ се вклучува во трката за потписот на популарниот “Бик”.

Откупната клаузула за фудбалерот изнесува 100 милиони евра, а претседателот на Торино Урбано Каиро изјави дека фудбалерот ќе биде продаден на оној клуб кој ќе понуди најмногу пари. Покрај од Милан и ПСЖ интерес за фудбалерот има и од Челзи и Манчестер Јунајтед.

Тагови