Илиоски и Костов повторно одлични во источноевропскиот шампионат
Објавено на 19/09/2014 | РАЗНО

По одржувањето трката на патеката кај градот Тројан (Бугарија), двајцата битолски мотокросисти  Христијан Илиоски и Борче Костов само ги потврдија своите пласмани во конкуренција на најдобрите возачи од источна Европа. Христијан Илиоски на двете трки беше четвртопласиран, а Костов беше на седмата позиција. По оваа трка Илиоски останува на втората позиција во категоријата МХ1, а Костов на третата.Претстојниот викенд во Прилеп ќе се одржи првата трка на новата патека која ќе се бодува за источноевропското првенство, а на неа ќе настапат двајцата битолчани, а ќе има и уште возачи од Битола кои ќе возат за македонскиот шампионат. Костов се надева на пласман меѓу првите пет, а настапот на Кико е неизвесен поради проблемите со моторот.Христијан Станковиќ од Мото-старс во МХ2 е прв од двете конкуренции, а со ист пласман во МХ1 е Симончо Николовски.

Тагови