Има место само за еден Роналдо во идеалниот тим на Роналдо

Бразилската фудбалска ѕвезда Роналдо Луис Назарио де Лима го определи својот идеален тим. Интересно меѓу избраниците на Феноменот не се најде мегаѕвезда на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, кој најверојатно ќе победи на крајот на годината за “Златната топка” по петти пат.

Најдобриот стрелец на Мундијалот 2002 избра напаѓачки 4-2-4 за неговиот ѕвезден тим, а на голот беше Џанлуиџи Буфон. Кафу и Роберто Карлос се десен и лев бек, а во центарот на одбраната италијанците Фабио Канаваро и Паоло Малдини. Зинедин Зидан и Андреа Пирло се “режисерите” во средната линија, а напред во нападот се: Лионел Меси, Роналдо (самиот тој), Пеле и Диего Марадона.

Image result for ronaldo best 11

Тагови