Инфаркт завршина во Загреб, Македонија како првопласирана оди во главната рунда
Објавено на 17/01/2018 | РАКОМЕТ

Инфаркт завршина во Загреб. Македонија одигра нерешено со европскиот првак Германија и како првопласирана репрезентација во групата оди во главната рунда.

Еден од најнеизвесните натпревари на ова Европско првенство започна одлично за Македонија. На два пати во првиот дел имавме +3 и тоа во првиот дел од првото полувреме. Сепак потоа следеше налет на германците кои не само што го анулираа нашето водство туку и поведоа со +3. Во самиот финиш на првиот дел благодарение на двата погодоци нашите ракометари го намалија водството и на полувремето се замина со минимално водство на Германија од 12-11.

Вториот дел далеку повозбудлив со слично движење на резултатот како и во првиот дел. Најпрво германците направија серија од 2-0 со што поведоа со три разлика. Тоа беше единствениот момент кога Германија имаше предност од +3. Потоа на сцена стапија Талески, Стоилов, Манасков и Поповски кои придонесоа за водство од +3 на средината на вториот дел. До крајот на натпреварот темпото го диктираше европскиот првак кој на неколку пати имаше еден позитива. На 15 секунди до крајот Стоилов очи в очи со германскиот голман не успеа да стрела за победа. Последниот напад го имаше Германија, но на крајот успеавме да се одбраниме и со нерешени 25-25 да завршиме на првата позиција вогрупата.

Најдобар стрелец на натпреварот беше германецот Вајнхолд со осум погодоци, а во нашите редови Талески со шест погодоци. За МВП на натпреварот беше избран голманот Ристовски.

Тагови