Италијанска тенисерка доби суспензија поради нејзината мајка
Објавено на 09/08/2017 | МЕЃУНАРОДЕН СПОРТ, ОСТАНАТО, ТЕНИС

Мајката на италијанската тенисерка Сара Ерани се покажа виновна за позитивниот допинг примерок кој поранешната број 5 во светот го даде. Италијанката беше фатена со летрозол што е лек, кој им се дава на жените болни од рак на дојка. Излегува дека токму нејзината мајка се бори со болеста од 2005-та, а тенисерката го голтнала апчето по грешка.

Како што е познато, од меѓународната федерација објавија дека ја казнуваат Ерани за 2 месеци, како санкција започнува да тече од 3 август. Позитивниот тест бил даден на 16 февруари (тој бил по случаен принцип), а следниот на 7 јуни веќе бил негативен.

Резултатите на Ерани во овој сегмент од сезоната ќе бидат поништени и таа соодветно ќе треба да ги врати сите заработени пари од наградните фондови и ќе загуби соодветните бодови за светската ВТА.

Тагови