Извечени паровите во Плеј-офот во Лигата на шампионите

Одредена ждрепката за плеј-офот фазата во најкомерцијалниот турнир Лигата на шампиони, во Нион. Интересно за нас е тоа што Риека на нашите Стефан Ристовски и Леонард Жута е тука и ќе се сретне со грчки Олимпијакос.

Првите натпревари се на 15 и 16 август, а реваншот се на 22 и 23 август.

Комплетна ждрепка за плеј-офот во ЛШ:

Карабах (Азербејџан) – Копенхаген (Данска)
Апоел (Кипар) – Славија Прага (Чешка)
Олимпијакос (Грција) – Риека (Хрватска)
Селтик (Шкотска) – Астана (Казахстан)
Апоел Беер Шева (Израел) – Марибор (Словенија)

Истанбул Башакшехир (Турција) – Севиља (Шпанија)
Јанг Бојс (Швајцарија) – ЦСКА Москва (Русија)
Наполи (Италија) – Ница (Франција)
Хофенхајм (Германија) – Ливерпул (Англија)
Спортинг Лисабон (Португалија) – ФКСБ (Романија)

Тагови