Извлечени паровите натпреварувачка сезона 2016/17
Објавено на 25/07/2016 | Slider, Мак Фудбал, ФУДБАЛ

Денеска во Фудбалската Федерација на Македонија беа извлечени паровите од Првата и Втората Македонска Фудбалска Лига за претстојната 2016-17 сезона. Ждрепката сакаше веќе во првото коло од ПМФЛ екипите на Победа и Пелистер да го одиграат дербито на Пелагонија. Бранителот на титулата Вардар ќе игра против Шкупи, а екипите на Македонија Ѓорче Петров и Работнички ќе го одиграат локалното скопско дерби.

Единствениот наш Евро претставник, екипата на Шкендија новата сезона ќе ја стартува на домашен терен и тоа против екипата на Силекс, а Брегланица од Штип ќе игра против Ренова. Во продолжение се прикажани паровите за првото коло кое се игра на 7 август.

1 КОЛО

ВАРДАР – ШКУПИ

ПОБЕДА – ПЕЛИСТЕР

МАКЕДОНИЈА Ѓ.П. – РАБОТНИЧКИ

БРЕГАЛНИЦА – РЕНОВА

ШКЕНДИЈА – СИЛЕКС

Комплетниот распоред од ПМФЛ можете да го погледнете ТУКА

Во ВМФЛ, новиот второлигаш сезоната ќе ја стартува на гостување во Неготина кај ГФК Вардар додека пак Металург ќе игра против Тетекс во најинтересниот натпревар од ова коло. Во продолжение се прикажани и комплетните натпревари за првото коло од ВМФЛ кое на програмата е на 13 август.

ГФК ВАРДАР НЕГОТИНО – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ

ЉУБАНЦИ – СКОПЈЕ

ЕУРОМИЛК –

МЕТАЛУРГ – ТЕТЕКС

ХОРИЗОНТ ТУРНОВО – ВЛАЗЕРИМИ

Комплетниот распоред од ВМФЛ можете да го погледнете ТУКА

Тагови