Јаховиќ со два гола му донесе нова победа на Гезтепе

Published On 23/10/2016 » 291 Views» Slider, Мак Фудбал, МАКЕДОНСКИ СПОРТ

Македонскиот репрезентативец Адис Јаховиќ беше стрелец на двата гола со кои Гезтепе дојде до нови три бода на домашен терен против Ескишерспор (2:1) во 8-то коло во турската втора лига. Македонецот погоди во 35-та и 92-та минута, откако претходно Зенгин ги доведе гостите во водство во 5-та минута.

Ова за Гезтепе беше петта победа сезонава и сега има 17 бода и е на 2-та позиција со два бода помалку од првиот Јени Малатиаспор.

Со овие два гола Јаховиќ има веќе пет оваа сезона.

Share this post
Tags

Comments are closed.