Јокиќ незапирлив, трет типл-дабл по ред за нова победа на Денвер
Објавено на 24/02/2018 | КОШАРКА

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ постигна нов трипл дабл  во победата на Денвер Нагетс
над Сан Антонио – 122: 119.

Јокиќ постигна 28 поени за 34 минути минати во игра, 11 скока и исто толку  асистенции, а ова беше трета партија по ред, каде што оствари трипл дабл .

Покрај  него, одлична партија одиграа Гери Харис кој постигна 23 поени, и Вилсон Чендлер со 18 поени и 16 скока, додека кај поразениот тим најефикаен беше ЛаМаркус Олдриџ со 38 поени.

Денвер е седми на Западот со резултат 33-26, додека Спарси се трети со 35 победи и 25 порзи.

Хјустон дојде до 11. победа во низа, вкупно 45 сезонава, откако на домашен терен ја совлада Минесота со 120:102. Прво име во редовите кај Хјустон беше Џејмс Харден со 31 поен и девет асистенции, додека Капела имаше дабл-дабл од 25 поени и 11 скока.Крис Пол беше многу близу до трипл-дабл од 14 поени, 10 скока и осум асистенции.

 

По поразот во минатото коло на домашен терен, Кливленд експресно се врати на победите, на гостувањето кај Мемфис славеше со 112:89. Леброн Џејмс на овој меч стигна до 11. Трипл-дабл сезонава, постигна 18 поени, 14 скока и 11 асистенции.

Резултати:

Детроит – Бостон 98:110,

Индијана – Атланта 116:93,

Вашингтон – Шарлот 105:122,

Торонто – Милвоки 119:122 (ОТ.),

Хјустон – Минесота 120:102,

Њу Орлеанс – Мајами 124:123 (ОТ.),

Денвер – Сан Антонио 122:119,

Феникс – ЛА Клиерс 117:128,

Јута – Портланд 81:100,

ЛА Лејкерс – Далас 124:102.

Тагови