Јокиќ е решен да го однесе Денвер во плеј-оф
Објавено на 10/04/2018 | КОШАРКА

Екипата на Денвер Нагетс со 6тата едноподруго победа во НБА лигата е на чекор до пласман во плеј-оф разигрувањето. “Нагетси” славеа со 88-82 над екипата на Портланд која го забележа 4тиот пораз по ред.

Најефикасен на натпреварот беше Демиен Лилард со 25 поени, но дефинитивно звезда на вечерта беше Никола Јокиќ кој забележа трипл дабл, завршувајќи го натпреварот со 15 поени, 11 асистенции и 20 скокови за 38 минути поминати на паркетот.

Последниот натпревар Денвер го игра против екипата на Минесота во директен дуел за пласман во плеј-офот.

 

Во преостанатите натпревари од вчера:

Детроит П. – Торонто Р. 98 – 108

Бруклин Н. – Чикаго Б. 114 – 105

Мајами Х. – Оклахома 93 – 115

Њујорк Н. – Кливленд К. 109 – 123

Милвоки Б. – Орландо М. 102 – 86

Минесота Т. Мемфис Г. 113 – 94

Сан Антонио С. – Сакраменто 98 – 85

Денвер Н. – Портланд Т. 88 – 82

ЛА Клиперс – Њу Орлеанс П. 100 – 113

Тагови