Јокиќ испиша историја во НБА – за 15 минути дојде до најбрзиот „трипл-дабл“
Објавено на 16/02/2018 | Slider, КОШАРКА

Никола Јокиќ,  влезе во историјата на кошаркарската НБА лига, откако зад своето име го запиши најбрзиот „трипл-дабл“ на сите времиња. 

Кошаркарот на Денвер Нагетс на мечот против Милвоки Бакс до ова достигнување стигна за неполни 15 минути, односно 14 минути и 33 секунди, во кои реализира 16 поени, 10 асистенции и 11 скока. На сето тоа надополни и две блокади и една украдена топка.

Неговата фантастична партија на Денвер му донесе значајна победа од 134-123, по која Нагетси остануваат во трката за местата кои водат во овогодишниот плеј-оф. Јокиќ мечот го заврши со 30 поени, 17 асистенции и 15 скока, а повеќе поени од него постигна само грчката сензација Антетокумпо, кој стигна до бројката од 36 поени.

Тагови