Југословенско финале на Еуробаскет 2017
Објавено на 16/09/2017 | КОШАРКА, МЕЃУНАРОДЕН СПОРТ

Србија се квалификуваше за финалето на Евробаскет во 2017 година по победата над Русија со 87:79 (25:20, 23:14, 18:23, 21:22) во Синан Ердем Арена во Истанбул, Турција.

Богдан Богдановиќ беше пред сите во изборот на нашите северни соседи – 24 поени, а Бобан Марјановиќ и Владимир Лучиќ додадоа 18 и 13 поени, соодветно.

Алексеј Швед постигна 33 поени за “Зборњаја” и Андреј Ворончевиц заврши со 14 поени.

Србија ќе игра во финалето во недела против Словенија, која е најголемото изненадување на турнирот победувајќи го актуелниот шампион Шпанија во полуфиналето.

Тагови