Јунајтед со страшна понуда за Реал Мадрид

Раководството на Манчестер Јунајтед понуди 175 милиони фунти и голманот Давид де Геа, за најголемата ѕвезда на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо.

Шпанскиот голман подолго време е посакуван на “Сантијаго Бернабеу”, но “црвените ѓаволи” не сакаа да се разделат со него. Португалецот цврсто е решил да ја напушти Шпанија, како негова најголема желба била да се врати на “Олд Трафорд”.

“Црвените ѓаволи” најверојатно ќе ја зголемат понуда на 183 милиони фунти плус Давид де Геа за Кристијано Роналдо и Алваро Мората.

Тагови