Јувентус потврди дека е убедливо најдобар во Италија
Објавено на 10/05/2018 | Slider, ФУДБАЛ

Италијанскиот шампион Јувентус го декласираше тимот на Милан во финалето на Купот на Италија со убедливи 4-0 и е на прагот да ги обедини домашните титули.

Популарната “стара дама” ќе ја обедини двојната круна, докажувајќи уште еднаш дека во моментов нема конкуренција во Италија.

На фудбалерите на Јувентус како да им беше потребно едно полувреме да се загреат откако, по првиот дел резултатот беше сеуште почетниот 0-0. Но, во вториот дел “бјанконерите” заиграа многу подобро и го декласираа тимот на Милан.

Бенатија го отвори резултатот во 56та минута, а само 5 минути подоцна Даглас Коста зголеми на 2-0 и со тоа го најави големиот триумф на Јувентус. Во 64та минута повторно Бенатија беше стрелец за 3-0, а конечните 4-0 ги постави Калиниќ со автогол во сопствената мрежа.

За тимот на Јувентус ова е 13та титула во Купот на Италија.

Тагови