Карпош Соколи доби суспензија од пет години од АБА Лигата
Објавено на 25/07/2017 | КОШАРКА, МАКЕДОНСКИ СПОРТ

Собранието на Јадранската лига (AБA) го суспендира македонскиот тим Карпош Соколи за пет години од сите натпреварувања организирани од страна на АБА лигата поради несоодветна изјава на претседателот на клубот.

Карпош претходно беше казнет со 12.000 евра. Дедиќ неодамна го навреди раководството на Јадранската лига, предводена од Небојша Човиќ, откако клубот доби покана да игра во Втората Лига на АБА.

Тој рече дека “лигата ја води банда, која се состои од ФМП, Црвена Ѕвезда, Будуќност, Цедевита и Олимпија,” и дека бара од Јадранската лига да му се вратат оние 150.000 евра, од минатата сезона.

Тагови