Карпош Соколи подобри од Цибона

Published On 14/01/2017 » 777 Views» Slider, КОШАРКА, МЕЃУНАРОДЕН СПОРТ

Карпош Соколи дојде до нова победа во Аба лигата, откако во Скопје падна Цибона – 76:70. Со оваа победа нашиот тим рипна на 8-та позиција на табелата со 24 бода.

Првата четвртина мина многу израмнето, водеше Карпош, па водеше Цибона, но највеќе со два поени предност. Втората четвртина мина доста добро за гостинот, којбза брзо поведе и со плус седум, сепак на полувреме само плус два за хрватите 33:35.

Во вториот дел Карпош го превзеде водството уште на стартот, но подоцна повторно Цибона беше подобра, а во последната четвртина Карпош влезе со плус два. Во последните 10 минути повторно израмнето, водеше Карпош, па водеше Цибона, но во последните две минити Карпош дојде во водство од највисоки плус седум, што беше решавачко.

Пери беше најпрецизен со 20 поени, а Трајковски заврши со 19. Кај Цибона, Сулејмановиќ постигна 15, а Лука Жориќ 14.

Share this post
Tags

Comments are closed.