Карпош Соколи со нова победа во Аба лигата
Објавено на 10/12/2016 | Slider, КОШАРКА, МАКЕДОНСКИ СПОРТ

Карпош Соколи стигна до третата победа во Аба лигата, откако во 13-то коло ја победи Мега Лекс со 75:72 во Скопје. Карпош со оваа победа го рипна тимот на ФМП, кој сега е последен на табелата во регионалната лига.

Карпош започна одлично, и веќе во првата четвртина поведе со 15 поени предност, а во втоарат влезе со резултат од 25:12. Во втората четвртина србите брзо ја стопија предноста, и поведоа, но сепак на полувреме Карпош отиде со минимални 38:37.

Во третата четвртина повторно за нијанса подобар беше нашиот тим, кој на средина од четвртината водеше со плус пет, но на крајот на четвртина и губеше со плус пет, за во последните 10 минути да влезе со негатива о минус три (55:58). Во последната четвртина Карпош повторно на во средината поведе со плус четири, но во завршницата на мечот бепе многу израмнето, водеше Мега, а водеше Карпош, но на крајот посреќен беше Карпош.

Најефикасен во победата беше Лабовиќ со 28 поени, а Вркиќ постигна 22 поени. Кај Мега Лекс  Тејиќ заврши со 15, а Спасојевиќ со 12 поени.

 

Тагови