Катар, Кина, Јапонија… гости на Copa America
Објавено на 06/04/2018 | Меѓународен Фудбал, ФУДБАЛ

Најпопуларното јужноамериканско репрезентативно натпреварување од следната година со новитет. Откако во претходните изданија настапуваа две гостински репрезентации од 2019 во Copa America ќе учествуваат дури шест гостински репрезентации т.е. репрезентации од други континентални федерации. Како што соопштуваат од CONMEBOL, од следната година покрај 10те постојан членки на оваа асоцијација на јужноамериканското првенство кое ќе се одржи во Бразил ќе учествуваат уште и Кина, Јапонија, Катар, Мексико, САД и уште една дополнителна репрезентација од CONCACAF.

Во минатото со цел да може да се одигра групниот формат по четири тим на ова натпреварување како гости настапува имаа репрезентациите на Коста Рика, Хаити, Хондурас, Јамајка, Јапонија, Мексико, Панама и САД.

Инаку Copa America започнува на 14 јуни следната година и ќе трае се до 7 јули, а домаќини се Рио де Жанеиро, Бело Хоризонте, Сао Паоло, Салвадор, Бразилија, Порто Алегре, Форталеза и Ресифе. Актуелен шампион е репрезентацијата на Чиле.

Тагови