Кербер елиминирана во Хонгконг, Возниацки и Јанковиќ во полуфинале
Објавено на 14/10/2016 | МЕЃУНАРОДЕН СПОРТ, ОСТАНАТО, ТЕНИС

Лидерката во светската ВТА листа Анжелик Кербер отпадна од турнирот во Хонгконг по поразот со 3:6, 1:6 во 1/4-финалето од австралијката Дарја Гаврилова по 1 час и 14 минути игра. За Кербер ова беше трет турнир едноподруго на кој не успева да дојде ни до полуфиналето, а Гаврилова во полуфиналето ќе игра против французинката Кристина Младеновиќ која ја победи американката Бетани Матек-Сандс со 3:6, 6:3, 7:6.

Данската тенисерка Каролин Возниацки мина во полуфиналето, откако без проблеми ја победи кинеската тенисерка Кјан Ванг со 6:3, 7:5. Таа во полуфиналето ќе игра против србинката Јелена Јанковиќ која ја победи французинката Ализ Корнет со 3:6, 6:4, 6:2.

Тагови