Објавено на 02/10/2017 |
АВТО МОТО, МЕЃУНАРОДЕН СПОРТ
Кина ќе остане во календарот на Формула 1 до 2020 година, откако организаторите на трката потпишаа нов договор со промотерите. Само пред две недели и Сингапур го продолжи договорот со Формула 1, со што новите сопственици Liberty Media ги поставија темелите за стратешко проширување на азискиот и американскиот пазар во наредните сезони.
Меѓутоа, не е сè на азискиот пазар. Во следната година во Малезија нема да има трка поради вкупниот пад на интересот на публиката.