Киријос ја освои и третата титула сезонава
Објавено на 09/10/2016 | МЕЃУНАРОДЕН СПОРТ, ОСТАНАТО, ТЕНИС

Австралиецот Ник Кириjос ја освои третата титула сезонава, откако триумфираше во јапонската престолнина Токио, на турнирот со награден фонд 1,506 милиони долари.

Киријос го победи во финалето Давид Гофен од Белгија со 4:6, 6:3, 7:5 за точно два часа игра. Оваа година тој ги освои трофеите во Марсеј и во Атланта. Тој има 38 победи и 14 порази во оваа сезона.

Тоа беше прв натпревар меѓу двајцата на турнирите на АТП. Давид Гофен не успеа да ја освои третата титула во кариерата.

Тагови