Кирјос доби нова суспензија
Објавено на 17/10/2016 | МЕЃУНАРОДЕН СПОРТ, ОСТАНАТО, ТЕНИС

Најпроблематичниот тенисер Ник Кирјос повторно е казнет од страна на АТП, со тоа што сега доби суспензија за недолично однесување во Шангај. Тој доби забрана за настап на АТП турнирите до 15-ти Јануари 2017-та.

Покрај ова тој беше казнет со 16.500 долари за неговото однесување. Кирјос беше казнет со максимумот од 10.000 долари, поради “недостаток на посветеност” во натпреварот и со уште 5.000 за навреда на еден од навивачите и плус 1500 за недолично однесување.

Австралиецот и во минатото имаше проблеми со однесувањето. Минатата година беше казнет со 1.500 долари за пцуење на турнирот во Шангај, и беше суспендиран на 28 дена.

Австралиецот исто така ќе треба до 7-ми ноември 2017 година, да оди во посета на психолог.

Повеќе за неговото однесување за време на натпреварот со Зверев можете да прочитате ТУКА.

Тагови