Клиперси го ангажираа Џеф Грин, Оклахома Ренди Фој
Објавено на 18/02/2016 | КОШАРКА, МЕЃУНАРОДЕН СПОРТ

Џеф Грин го напушти тимот на Мемфис Гризли и замина во Лос Анџелес Клиперс. 29-годишниот кошаркар оди во Калифорнија, а во спротивната страна кон Тенеси ќе тргне Ленс Стивенсон.

Просетокот на Грин оваа сезона е 12.2 поени, 4.5 скока и 1.8 асистенции по натпревар, додека Стивенсон е со просек 4.7 поени, 2.5 скока и 1.4 асистенции.

Ренди Фој ќе го засили тимот на Оклахома Сити, а во замена за него Денвер ќе добие двајца кошаркари Ди Џеј Огустин и Стив Новак.

32-годишниот Фој добиваше по 19,8 минути по натпревар, а одигра вкупно 54 натпревари за Нагетс оваа сезона. Тој забележа просек по натпревар од 6.0 поени, 2.1 асистенции и 1.9 скока.

Тагови