Клонот на Перо Антиќ си замина од Гостивар пред Купот на Македонија!?
Објавено на 15/02/2018 | КОШАРКА

Српскиот кошаркарски интернационалец и кошаркар на Гостивар, Немања Мишковиќ го напушти тимот на само неколку часа до почетокот на куп натпреварот против Куманово.

Тој на јавноста и е познат многу повеќе по сличноста со нашиот репрезентативец Перо Антиќ, а во тимот на Гостивар дојде пред неполн месец како засилување за центарската позиција која остана испразнета со заминувањето на Александар Тодоровиќ, кој си замина и потпиша за тимот на Динамик.

Раководството на Гостивар ќе треба веднаш да пронајде адекватна замена, бидејќи веќе утре ги очекува тежок натпревар против секогаш незгодниот тим на Куманово.

Тагови