Клоп го сака Дибала, доколку Салах замине ова лето
Објавено на 10/05/2018 | Slider, ФУДБАЛ

Шпекулациите дека Мо Салах на лето ќе се пресели во Реал Мадрид стануваат се погласни, а Ливерпул веќе ја има пронајдено неговата замена.

Доколку се остварат гласините дека ова лето Салах ќе го напушти клубот, тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп замената за Еѓипјанецот ја гледа во аргентинскиот интернационалец Пауло Дибала.

Реал Мадрид сака летово да направи реконструкција во својот состав особено во нападот и се поизвесно е дека се спремни да издвојат 200 милиони евра за да го доведат Салах во својот состав.Додека Ливерпул планира да го доведе Дибала на позајмица со можнот за откуп на договорот.

Тагови