Коби Брајант доби Оскар!
Објавено на 05/03/2018 | Slider, КОШАРКА

Поранешната НБА ѕвезда и еден од најдобрите кошаркари во историјата на кошарката, Коби Брајант покрај многубројните награди кои ги добиваше додека беше дел од најсилната кошаркарска лига, се закити со уште една вредна награда, но овојпат сосема различна од останатите.

Носителот на пет шампионски прстени и неколку награди за МВП играч, својата колекција ја зголеми, освојувајќи Оскар за неговиот краткометражен филм “Драга кошарко”. Тој ја доби наградата за најдобар анимиран филм на јубилејното најново 90то издание на најпопуларните филмски награди.

Коби Брајант е самиот автор на филмот, поточно на писмото “Драга кошарко” од кое произлезе анимацијата за филмот. Тој преку писмото го најави своето повлекување од активното играње, а со помош на режисерот Глен Кин, се претвори во ремек дело на филмското платно.

“Не можев ни во најлудите соништа да замислам дека ова е возможно, бидејќи како кошаркар работата ми беше само да тапкам со топката и да шутирам во кош, но огромно е задоволството што освојувам многу значајна награда и на поинаков терен од кошаркарскиот. Ова е огромна чест за мене, и благодарам на Академијата, им благодарам на сите кои работеа и се дел од овој филм, и пред се му благодарам на моето семејство кое ме поддржуваше и пред се ме инспирираше да направам вакво дело” – изјави пресреќниот Коби.

 

Тагови