Кој ќе го замени Донарума во Милан?
Објавено на 16/06/2017 | Меѓународен Фудбал, ФУДБАЛ

Разочарувањето кај навивачите на Милан по веста дека Донарума одбил да го продолжи договорот со Милан сеуште е големо. Италијанските медиуми веднаш по ооваа вест почнаа да шпекулираат со можните наследници на најталентираниот голман во светот. Прв и најсериозен кандидат за негова замена е резервниот голман на Јувентус бразилецот Нето. Откако е се поизвесно дека Шчесни ќе пристигне во Торино, Нето и повеќе од сигурно е дека ќе ги напушти редовите на Бјанконерите кај кои не доби вистинска шанса пред се поради неприхосновениот Буфон. За Нето Милан потребно е да плати 10 милиони евра.

Покрај Нето, на листата на желби на Милан фигурираат и Матија Перин од Џенова, но негов трансфер би бил многу ризичен особено поради честите повреди со кои се соочува голманот. Како можна замена за Донарума се споменува и Татарушану од Фиорентина, но и Џо Харт кој најави дека има намера да остане во Италија.

Тагови