Колмен го напушти Работнички и се пресели во Израел
Објавено на 06/08/2014 | КОШАРКА

Хапоел Холон од израелската кошаркарска лига успеа да го ангажира 26. годишниот американски крилен центар, Вилијам Колмен кој минатата сезона ги бранеше боите на македонскиот клуб Работнички.

Во 15. одиграни натпревари во нашата најдобра лига имаше просек од 10.4 поени, 4.9 скокови и 1.0 блокада. Колмен претходно ги бранеше боите на Будуќност. Во осум мечеви од Еврокупот имаше 5.8 поени и 1.8 скок.

Исто така во својата кариера беше играч на грчкиот Еноси Катосфаирисис Кавалас, играше во Балканската Лига (11.3 поени, 6.4 скокови), во францускиот Ле Ман, а во 2011. година дипломираше на Универзитетот во Мемфис и ќе му следува негова четврта професионална сезона.

 

Тагови