Колумна: Без публика не оди ни еден спорт
Објавено на 09/11/2014 | Slider, КОШАРКА, РАЗНО

Би сакал да бидам краток, па кој ме чита нека ме чита koj не,  немора…

Како што и сите знаеме деновиве е актуелно кошаркарското првенство. Сите го очекуваме исходот дали Работнички ќе оди или не во понизок ранк. Како и да е тоа не би смеело да се случи иако е против правилникот на КФМ, но доколку се случи ќе изгубиме една прекрасна атмосвера и ривалство на две екипи како и на нивните фанови кое трае со години. Би рекол кога играат овие две екипи тоа е празник за душата.

“ЏАБЕ” и е на една од екипите шампионска титула ако таа ја добие без жар и борба.

Нека ми извинат сите навивачи ако сум пристрасен но и тие самите треба да се залагаат за тоа. Еве на пример, деновиве на социјалните мрежи налетав на разни статуси на кои беа напишани од неколку штркови кои лично ги познавам дека работнички треба да оди во најнизок ранг.Верувајте ми не го сакате тоа… Па каде ќе навивате после… Каде ќе мислите на кореографија, уствари каде ќе вадите негативна енергија. Па и на крај што ќе раскажувате…

А и овие наши судии се чудо само не професионалци. Летнал предмет на терен ама не ги погодиле нив, терај. Во втора ситуација долетала некоја плуканица врз нив и ете ти инцидент. Празнење на трибина. А што ако со таа плуканица беше погоден играч, НЕБИТНО, така?
DSC_55541

Треба да им е јасно, не можеш да избркаш публика на едно ДЕРБИИИИИ!!! Пробајте било што да ги смирите страстите, но не и да испразните трибина. Па јас лично многу пати сум се нашол на дуел баш помеѓу овие две екипи, сум се спремал една недела, едвај сум чекал да дојде денот и некој оп ми вика ајде ГИТЛА дома. Нема гледање.
БЕЗ ПУБЛИКА НЕМА СПОРТ, да си снаете!!!

Доказ за тоа е следново…

 

Читам на еден од српските портали што се случило на натпреварот вчера во Белград помеѓу Партизан и МЗТ Аеродром. Почнува натпреварот и имаш анемична атмосвера. Дојдени луѓе да гледаат кошарка ама и да си кажат што има ново во политиката…

mzt-navijaci-pionir-aerodrom-partizan Во еден момент на полувреме и покрај проблеите со српската полиција ете ти ги штркови на Трибина. Секоја чест… МЗТ може само да се пофали со таква публика. Некој се “ЗГНАЛ” 500 километри да си го бодри тимот. И што се случи, си ги наместија знамињата и си почнаа со навивање… Не само тоа. Видоа Белграѓани па што да прават, се разбудија, ги прекинаа муабетите за политика и почнаа да навиваат. ЕТЕТИ ПРАВА АТМОСВЕРА!!!  Па нормално, ако нема ривалство на трибините нема ни на терен.
ЗАТОА ДОБРО РАЗМИСЛЕТЕ СИТЕ КАКОВ ТРЕБА ДА БИДЕ ИСХОДОТ И ПОНАТАМОШНИОТ ТЕК НА ПРВЕНСТВОТО…

Анониен читател… Yellow

Тагови