Колумна: За Македонската фудбалска репрезентација !
Објавено на 09/09/2014 | МАКЕДОНСКИ СПОРТ, РАЗНО, ФУДБАЛ

Шпанија … прв натпревар во квалификациите за ЕП 2016 Русија. Нов селектор, нови амбиции, нови надежи за подобри фудбалски мигови. Како и пред сите квалификации, амбициите и најавите огромни дека можеме до тоа 3-то место, дека или сега или никогаш, за жал само пуста надеж.

Да се навратиме на натпреварот со Шпанија. Селекторот Бошко Ѓуровски за разлика од останатите прави можеби мали промени, но што фајде кога повторно полна мрежата на Македонија ? Среќа што го имавме одличниот Пачовски на голот, иначе 7-ка на Лото не ни бегаше. Одбраната биено сирење, многу бавни за разлика од брзо-ноготе шпанци, закаснати реакции, никогаш не наместени … КАТАСТРОФА ! Без разлика колку и да се искусни, колку и да изгинале за Македонија, сепак мислам дека на Шиков, Мојсов и на Цуцули не му е местото во старните 11. На клупата на Македонија седат млади сили, нова свежа генерација која е желна за докажување, Кире Ристевски, Дарко Велковски, Ѓоко Зајков, Дарко Глишиќ,а не е повикан Христијан Драгарски, како и губењето на Горан Попов. Било кои од овие да барем двајца да беа во старните 11 сигурно немаше да изгледаме толку катастрофално во одбраната. Во средниот ред уште пред почетокот на овие квалификации загубивме многу, го загубивме Давид Бабунски … Загубивме играч што во Барселона и во шпанската лига важи за еден од најтелентираните. Играч што знае да ги сврзи одбраната и нападот, да аистира и постигнува голови. Го загубивме, ДА ! А зошто ? – Затоа што единствено тој ја прикажа вистинската слика за македонската фудбалска репрезентација. Со повикувањето на Стефан Спировски и уфрлањето во игра од првата минута се осети свежина и брзина. Ибраими заедно со Трајковски и Јаховиќ беа единствените што почесто се наоѓа во противничката мрежа и тоа осамени. Па добро ова беше напаѓачката формација, со пресинг над противникот што се најуваше пред самиот натпревар ?
ГОРАН ПАНДЕВ … и него го загубивме, најдобриот, најискусниот, единствената светла точка заедно со Давид Бабунски и Ибраими во оваа репрезентација. Го загубивме затоа што и него му дојде преку глава, тоа што толку неспособни луѓе го водат македонскиот фудбал. Едноставно ако сакаш да играш фудбал за репрезентација само треба да си молчиш, па макар и леб и пипер да јадеш како ручек пред натпревар со Шпанија. По Давид Бабунски, го загубивме и неговиот брат Дориан Бабунски, кој ако не се лажам во сезоната 20013/2014 во дресот на Реал М. во младинската шпанска лига беше најдобар стрелец со 35 голови. И тој како и Давид го загубивме, кога не ги сакаат од ФФМ, нека си играат за Шпанија, што е и оправдана одлука. а исто така повик за А селекцијата не доби и одличниот Марко Симоновски. Се чудиме на играта на шпанците, тие магични додавања, асистенции, воиграност на теренот, но како дошло до сето тоа ? И тие до пред 4 години никогаш не биле светски прваци, но ете успеа. Тие сите се една иста генерација, овај страшен тим се градел со години, а постојано само се надоградувал со некои млади кои за неколку години токму тие ќе бидат носители на Шпанија. Зошто не се земе пример од најдобрите ? Зошто не се ризикува, и онака немаме поголеми успеси од 4-то место во квалификациска група за СВ или ЕП ?! Нека се ризикуваат (иако нема што, може само да се добие) 7-8 години со млади сили, нека играат постојано заедно тие што сега дремат на клупа, а некои и не се ни повикани заедно со 2-3ца поискусни (Пачовски, Попов и Ибраими). Кога веќе постојано се збора дека ФФМ врти нов лист на фудбалот во Македонија и во репрезентацијата нека се направи чистка, нека се земе пример од големите, само така можеме еден ден да се радуваме на пласман на европско или светско првенство.
Мое мислење како би требало да изгледа Македонија со тие млади сили предводени од неколку поискусни:
Голман: Пачовски, Ефремов, Илиев
Одбрана: Ристовски, Драгарски, Ристевски, Зајков, Алилоски, Глишиќ, Брдаровски и Попов
Среден ред: Спировски, Д. Велковски, Ибраими, Аврамовски, Сулејманов, Нафиу, (Давид Бабунски)
Напад: Трајковски, Хасани, Радески, Марковски, Јаховиќ, Ивановски (Дориан Бабунски)

Можеби составот изгледа преоптимистички, но сигурно како што ќе играат се повеќе заедно и како што ќе одминува времето така ќе стекнуваат и искуство. Нека загубат на почеток и 7:0 од Шпанија, но кој знае можеби ќе обезбедиме место за ЕП 2020 година.

Мој став,
Дејан Кузмановски.

Тагови