КОЛУМНА: ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ФУДБАЛСКИ РАБОТИ !

by

in

До редакцијата на ,,Тип” стигна колумна која ни ја испрати еден битолчанец и член на младинската школа на Фк Пелистер.

Ако во цел свет луѓето буквално живеат за фудбалот, ако во Јужна Америка фудбалот е религија,ако насекаде низ европа едвај чекаат да дојде викенд, е тогаш кај нас фудбалот има поинакво значење .Кога бројот на гледачи на натпреварите од Првата македонска лига го пишувате во едвај стотина, едноставно знаете дека македонскиот фудбал и тоа како, има сериозен проблем….кој упорно трае…

Квалитет, услови, капитал, инфраструктура, организација, стручен кадар, навивачи? Од каде да почнам?

Во Македонија од секогаш имало талентирани фудбалери, има и сега, а ќе има и во иднина, но проблемот е како тие млади фудбалери да создадат успешни кариери и да ги бранат боите на нашата репрезентација, кога го немааат најважното – УСЛОВИ. Наместо на терени тие тренираат на “ниви” со компири, баш се прашувам каде ли се пресоблекуваат пред и после тренинг…А сигурен сум дека немаат тушеви, а недај боже опрема. Што прават клубовите, тренерите, федерацијата за да ги мотивираат за понатамошна работа? Половина од тренерите, партиски вработени, кој немаат поим од фудбал….играат синовите на бизнисмени, адвокати, доктори, со ургенции. Е тоа е најлошото што може да му се случи на еден млад перспективен талент. Капитал има, но веројатно е употребен во погрешна насока(ако воопшто е употребен).

Можеби еден од поголемите причинители за празните трибини, е инфраструктурата. Сведоци бевме на оној трагичен настан во Битола, по кој мислам дека многумина нема повеќе да стапнат на тој скапан стадион. Значи, еден обичен фудбалски натпревар, со 6000 публика, не може да мине, а ништо да не случи, и тоа трагично. Од едната страна битолчани на главната трибина, затворени како во кафез. 30+ степени, Нема игла кај да падне, нема место за седење(камоли седишта), нема чешма да се изладиш, нема ни каде вода да се напиеш, сок или пиво да си купиш, недај боже да треба во WC да одиш. Дехидриран целиот, бараш спас надвор да излезиш, можеби вода негде да купиш, а на врата синџир со катанец, како животни да има на трибина, а не навивачи. Завршува утакмицата како во нормален свет, заедно со синчето брзаш за дома, а на врата те чека кордон од 50 луѓе,( не смееш сега дома, по пола саат ).
А, пак од другата страна комити, скопјани. Конечно по неколку години се решија да дојдат во Битола. Минале 200 километри, 3 часа, платиле билет и ги внесуваат,како домородци, на полувреме, ги фрлија внатре, на трибинче што е полураспаднато. Со р’ѓосана ограда, ама и со шилци, како во зандани.Небаре овие домородците, дојдени се да ја палат цела Битола. И затоа мора да си заминат, пред да заврши мечот. Па, тогаш, зошто ги донеле, за на парада ли?!

И потоа се прашуваме, зошто нема публика на стадионите? Зошто репрезентацијата не може да се пласира на едно големо натпреварување? Прво, треба да се срушат сите стадиони, да се изградат нови, за достојни и културни навивачи. Со подобар третман на навивачите, со влез и излез, со ве-це, со столчиња за секој да седне, без огради како да си во затвор, со штандови за вода и сокови. Треба правилна работа со младите, искусни и квалитетни тренери, квалитетна лига без местенки со повеќе домашни фудбалери.

А до тогаш, ќе бидиме назад 100тина години од европа и светот во поглед на фудбалот, и ќе си останиме домородци. Па и домородец да си, имаш големи шанси со две раце и нозе да си одиш дома.


Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *