Комплетен распоред на натпреварите на Македонија во главната фаза
Објавено на 18/01/2018 | РАКОМЕТ

Со вчерашните натпревари од Ц и Д групата се комплетираше првата рунда од Европското првенство, а со тоа познати се и сите патници во главната фаза. Македонија таму за противници ќе ги има најдобрите три репрезентации од групата Д и тоа: Шпанија, Чешка и Данска.

Во оваа рунда Македонија ќе влезе со три поени, а Чешка, Шпанија, Данска и Германија со два, а Словенија само со еден поен. Ова навестува интересни натпревари и разврска, а комплетниот распоред на натпревари на нашите најдобри ракометари е прикажан во продолжение:

 

21 јануари 2018 – недела – 20:30
Македонија – Шпанија


23 јануари 2018 – вторник – 20:30
Македонија – Чешка


24 јануари 2018 – среда – 18:15
Македонија – Данска

Тагови