Кошаркарска Европа ќе добие нов владетел
Објавено на 15/09/2017 | КОШАРКА, МЕЃУНАРОДЕН СПОРТ

Кошарката во Европа ќе има нов крал! Досегашниот шампион на Стариот континент Шпанија е симнат од тронот, како тоа се случи по јавна егзекуција од страна на Словенија – 92:72 (25:19, 24:26, 24:12, 19:15) во првото полуфинале на Еуробаскет 2017.

Капитенот Горан Драгиќ и Ентони Рандолф постигнаа 15 поени, Драгиќ ја заврши својата изведба со 6 скока и 5 асистенции. Гашпер Видмар постигна 12 поени и стана вистински кошмар за шпанскиот напад со клучни потези во одбраната, а Пол Препелиќ влета во дуелот од клупата со 13 поени. Генијалниот тинејџер Лука Дончиќ запиша за малку “трипл-дабл” со 11 поени, 12 скока, 8 асистенции и ниту една грешка!

Пау Гасол реализира најмногу за Шпанија – 16 поени. Рики Рубио заврши со 13 и Марк Гасол со 12.

Финалето е во неделата, а ривал на Словенија ќе биде Србија или Русија.

Тагови