Кожув го ангажираше Владимир Брчков од Работнички
Објавено на 22/08/2014 | КОШАРКА

Управата на кошаркарскиот клуб Кожув од Гевгелија од денес официјално потврдува дека репрезентативецот Владимир Брчков е нов играч на КК Кожув. Договорот е направен на 1+1 година.

25. годишниот кошаркар (200 см., 102 кг, 1989 год.) минатата сезона играше во составот на Работнички и во 31. одигран натпревар имаше учинок од 8.4 поени, 4.2 скокови и 1.4 асистенција. Играше во финалето во Македонската лига во 2012. и 2014 год. Во својата кариера настапуваше и за Фени Индустри.

Исто така во тек се преговори со уште еден домашен играч. Челниците на КК Кожув се надеваат дека во краток временски период ќе го објават и неговото име, пренесува официјалниот веб сајт на клубот.

Тагови