Крафорд: “Уште не “пече” поразот од Блокотехна, но време е да се одмаздиме”
Објавено на 16/02/2018 | КОШАРКА

Актуелниот македонски првак, МЗТ Скопје во третата четвртфинална пресметка во Купот на Македонија рутинирано стигна до триумф над екипата на Фени индустри со резултат од 115-68 и си закажа полуфинален дуел со гевгелиска Блокотехна.

“Најважно е дека победивме. Куп-натпреварувањето е секогаш критично бидејќи се случуваат изненадувања – погледнете само вчера што им се случи на Фенербахче, Звезда и на Макаби. Купот е чудо! Важно е дека одиме понатаму, важно е дека победивме и тоа со висока разлика. Сега имаме малку време за да се одморат играчите и да ги насочат мислите кон утрешниот меч. Блокотехна е неверојатен тим, добро воигран и ако ја спречиме нивната игра 2на2 имаме реални шанси за победа”. – изјави Жељко Лукајиќ, тренерот МЗТ Скопје Аеродром.

“Мислам дека како колектив играме одлично, цврсто и со полна енергија. Се уште не пече оној пораз од Блокотехна, така да мораме да останеме позитивни, да се концентрираме и да се одмаздиме”.    изјави Џордан Крафорд, новото засилување на МЗТ Скопје Аеродром.

“Сезонава веќе игравме против МЗТ С.А и знаевме со каков противник ќе се соочиме. Можам да кажам дека дадовме максимум од силите, но сметам дека во вториот дел од натпреварот концентрацијата не ни беше на посакуваното ниво за што говори и резултатот”.  – изјави Љупчо Малинков, тренерот на  ФениИндустри.

“Не очекував ваков резултат. Игравме добро до крајот на првото полувреме, но потоа падна нашата игра. Не сум задоволен во некоја огромна мера и од себе – секогаш може подобро”. – изјави Иван Сапунџиев, играч на Фени Индустри.

Фото: basketball.mk

Тагови