Кремона прв полуфиналист во Купот на Италија
Објавено на 15/02/2018 | КОШАРКА

Кошаркарскиот тим на Кремона е прв полуфиналист во Купот на Италија кој се игра во Фиренца во Арената Нелсон Мандела. Тие го совладаа тимот на Авелино со резултат 89-82.

По првата четвртина, Авелино имаше предност од 22-18, а до полувремето истата ја зголеми на 8 поени при што резултатот изнесуваше 40-32.

Во второто полувреме, тимот на Кремона се врати во натпреварот и ја доби третата четвртина со 6 поени, намалувајќи на 53-51.

На почетокот на последната четвртина, Кремона продолжи со одличната игра преземајќи го водството во поголемиот дел, но на крајот мечот влезе во суперинтересна завршница завршувајќи нерешено во регуларниот дел со резултат 74-74.

Натпреварот беше решен во продолжението од 5 минути, во кое поприсебен беше тимот на Кремона добивајќи го натпреварот со 89-82.

Во вториот четвртфинален натпревар вечерва во 20:45 часот се среќаваат Венеција – Торино.

Тагови