Кристијано Роналдо станува суперхерој!!!
Објавено на 10/05/2018 | Slider, ТАЈМ АУТ

Еден од најдобрите светски фудбалери Кристијано Роналдо стана и суперхерој. Најмладите фанови  ќе се радуваат на новиот лик кој ќе ги забавува со серијалот на цртани филмови под името „Striker Force 7“.

Роналдо е инспирација за новиот анимиран серијал во соработка на График Индија и ВМС Комуникејшн, компанија за мобилен и дигитален маркетинг, која планира од суперхеројот во цртан филм, да продолжи и со видео-игра, стрип… За новиот цртан филм во кој Роналдо ќе биде суперхерој воодушевен е и португалецот.

„Отсекогаш сум бил фан на суперхероите и возбиден сум што помогнав да се направи нова анимирана серија. На некој начин фудбалот ги спојува луѓето и различните култури низ светот и верувам дека анимираните карактери и херои истото ќе го направат и ќе ја донесат страста со еден поинаков проект, за кој ќе бидат радосни моите навивачи – изјави Роналдо.

Тагови