Куп, 1/4: Во Вардар уверени во триумф над Ренова
Објавено на 14/11/2014 | ФУДБАЛ

Вардар во рамките од четвртфиналето во фудбалскиот Куп на Македонија ќе игра против составот на Ренова, првиот натпревар ќе се одигра на 18. ноември 2014 год. на Националната Арена “Филип Втори“ во Скопје (13:00 ч.)

“Пред се добро ќе ни дојде оваа пауза во која има репрезентативни настапи. Мислам дека ни беше потребно време за одмор, консолидација особено по напорниот месец. Што се однесува до натпреварот со Ренова во купот, уште на првата средба во Скопје ќе одиме на се, да постигнеме што е можно повеќе голови и на реваншот да одиме помирни“, рече фудбалерот на ФК Вардар, Филип Петковски. (Извор: fkvardar.mk)

Тагови