Кузнецова ја одбрани титулата во Кремљ
Објавено на 22/10/2016 | МЕЃУНАРОДЕН СПОРТ, ОСТАНАТО, ТЕНИС

Носителката на две титули од “гренд слем” Светлана Кузнецова ја заштити минатогодишната титула на турнирот во Кремљ – Москва, откако во финалето 31-годишната русинка ја декласираше со 6:2, 6:1 Дарја Гаврилова од Австралија).

Триумфот на Кузнецова и овозможи да обезбеди и осмо место на ВТА листата, каде што ја турна британката Јоана Конта.

Тагови