Квитова ја заврши сезоната со нова титула
Објавено на 06/11/2016 | МЕЃУНАРОДЕН СПОРТ, ОСТАНАТО, ТЕНИС

Чешката тенисерка Петра Квитова ја заврши сезона 2016 со титула од турнирот “Елит Трофеј” во кинескиот град Жухај, откако во финалето на трката со награден фонд од 2,2 милиони долари ја победи украинката Елина Свитолина со 6:4, 6:2 за еден час и 11 минути игра.

За Квитова ова беше шеста победа во седмиот натпревар против Свитолина и 19-та титула од ВТА во кариерата.

Тагови