Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров е избран за најдобар играч во квалификациите за ЕП 2018 овој месец.
Во двомечот со Исланд нашиот капитен постигна 11 гола во триумфот на домашен терен, а потоа запиша и осум погодоци при минималниот пораз на гости.
Еве го и идеалниот тим на 3-то и 4-то коло во квалификациите за ЕП 2018:
Голман – Тиери Омејер (Франција),
Лево Крило – Уве Генсхајмер (Германија),
Лев Бек – Вуко Борозан (Црна Гора),
Среден Бек – Сандер Сагосен (Норвешка),
Десен Бек – Кирил Лазаров (Македонија),
Десно Крило – Феран Солер (Шпанија) и
Пикер – Думулин Буриќ (Босна и Херцеговина).