Леброн Џејмс ја игра последната сезона во Кливленд
Објавено на 23/09/2017 | КОШАРКА, МЕЃУНАРОДЕН СПОРТ

ЛеБрон Џејмс бара нов предизвик во кариерата по крајот на сезоната 2017/2018, кој ќе биде последна за него со тимот на Кливленд.

Летото не беше добро за Кавс, кој прво изгубија во финалето на НБА од Голден Стејт, а подоцна Каиро Ирвинг ја објави својата желба да го напушти тимот. Сопственикот на клубот од Охајо Дан Гилберт очигледно не е на истата страница со суперѕвездата на својот тим, а покрај сето останато, Џејмс не му простил на милијардерот за писмото што тој го напиша по заминувањето во насока Мајами во 2010 година.

Четирикратниот победник на наградата “Најкорисниот играч” на НБА може да го напушти вице-шампионот следното лето. Договорот му е до крајот на оваа сезона – 2017/2018, а во него е утврдена и клаузула за продолжување до летото 2019 година, која сепак нема да биде активирана од него.

Тагови